Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упати честитки до сите граѓани.

Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во општеството, напиша Кацарска во честитката.

Во чест на големиот празник претседателката на Уставниот суд денеска положи цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.