Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Објавата предизвика лавина различни реакции.

Информацијата ја потврди за Плусинфо самиот Лазар Јанев, кој рече дека неговата мајка ќе работи од далечина на правни и консултантски работи за кои не е потребно да биде присутна.

Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на шоуменот и водител Борјан Јовановски Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, исто како и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.