Уставни измени само доколку го рефлектираат мултиетничкото општество на државата. Ова е одговорот на новинарското прашања до тетовскиот градоначалник и воедно претседател на Движење Беса Биљал Касами за предлогот на Христијан Мицкоски при уставните измени да се земе хрватскиот модел.

-Ние сме отворени да разговараме за секаков модел кој ја рефлектира реалноста во Македонија. Македонија е мултиетничко општество и државата треба да биде регулирана за да ги рефлектира правата и обврските на граѓаните согласно нивните различности. Така што, секоја дискусија поширока за уставна регулација на државата за нас е добредојдена. Сме заинтересирани да бидеме дел, но не сме заинтересирани да разговараме за било каков било модел кој не рефлектира на мултиетничкиот карактер на општеството во  Македонија – истакна Биљал Касами денеска од Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.