Лидерот на Движењето Беса Билал Касами упати повик до лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да ја напушти Владата и да се приклучи кон на „опозицискиот фронт“ за да ја победат ДУИ на претстојните парламентарни избори, објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Ги повикувам Таравари и останатите да сватат час поскоро дека оваа Влада е Влада на криминалот и корупцијата, оти таа не им сака добро на граѓаните. Им упатувам повик на Таравари и останатите колку е можно побргу да им се приклучат на граѓаните, на Албанците и на опозицискиот фронт, ако им сакаат добро на граѓаните навистина. Не се искрени критиките на Таравари кон власта, кој е дел од неа. Ако сакаат навистина промени, таа промена може да се направи само преку опозицијата, обединувајќи ја опозицијата и излегувајќи со јасна понуда пред гласачите. Во тој случај одговорот од гласачите ќе биде масовен и ќе се случи долгоочекуваната промена и кај Албанците, вели лидерот на „Беса“, Билал Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.