Јавноста е револтирана од очигледно лошиот хумот на Рама и Ковачевски. Додека Рама ја Наремува Македонија Западна Бугарија, Ковачевски се смее. Секако, Кабинетот на албанскиот премиер застана зад несолената шега и објасни дека било иронија и сарказам кон ЕУ и Бугарија, но дури и од македонската влада знаат дека немаат зад што да застанат.

Професорката Тања Каракамишева е една од многуте кои не останаа неми на овој колосален срам и национално понижување.

Не знам што виде смешно “нашиот” претседател на Влада ама вакво спрдачење и играње дрндупки на јавна сцена нема доживеано НИТУ ЕДЕН политичар!
И нормално нема никаква реакција од неговиот кабинет, ОД КОЈ БИЛО!!!
Ако ова не е страшно за Ковачевски не знам што е пострашно!, коментира Каракамишева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.