Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја предводи владината делегација, која утре во Истанбул ќе учествува на заедничката литургијата на г. г. Стефан и патријархот Вартоломеј.

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.