Каде што европратеникот Ангел Џамбаски застана во навредите за Македонија, таму продолжи неговиот партиски колега од ВМРО-БНД, почесниот претседател Красимир Каракачанов.

„Скопје, очигледно, не сака да го исполни овој договор (за пријателство и добрососедство – н.з.). Смета дека, со оглед на поддршката од неколку меѓународни фактори, Бугарија е должна да клекне. Погледнете ги реакциите на скопските политичари. Тие се однесуваат како ние да сме кандидати и да им се молиме на нив, а не тие. Речиси како да е дојдено прашањето до таму да ни објават војна, бидејќи ние сме некакви уценувачи. Крадците на бугарската историја се во Скопје“, вели Каракачанов.

Ако тој бил на местото на премиерот Кирил Петков, ќе ги прекинел преговорите со Македонија поради непреземање дејства според Договорот.

„Кога ќе бидете подготвени да ги исполните условите или сте ги исполниле, повелете – продолжуваме да разговараме. А не да одиме да се молиме“, додаде Каракачанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.