На два дена пред повторените локални избори во општина Маврово Ростуше каде во сабота се бираат градоначалник и општински совет на површина излегуваат скандалозни исплати на локални функционери на СДСМ од општинската каса.
Актуелниот повереник и кандидат за градоначалник од СДСМ Медат Куртоски на својот шура Емсел Шабани си му исплатил 1.000 евра од општинска каса, а на својот дедоТасим му исплатил 950 евра од општинскиот буџет, се однесуваат како Општината да е нивна приватна своина!.
Ова го објавува локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ во општина Маврово Ростуше
која објавува докази за своето тврдење од алатката на владата за јавни набавки каде
се гледа исплатата на парите за членовите на СДСМ.,, За непотизмот да биде уште поголем, директорот на основното училиште во Скудриње Бешир Рамадани за себе и за шурата од повереникот Медат Куртовски си исплатил од училишниот буџет по 250 евра, најверојатно за да одат на летен одмор”, стои во објавата на ВМРО-ДПМНЕ Маврово Ростуше.
Треба да знае кандидатот на Медат Куртовски, дека парите не се лично негови, и ова што го прави не е добро за никого а најмалку за тие кои му даваат доберба да ги прави овие непромислени работи”, стои во соопштението.
Вчера во посета на оваа општина беа лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски
и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ кои го промовираат Куртовски за
иден градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.