ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше, кандидат е доктор Мевмед Џафери, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за Совет.

Имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за Советот на општината. Очекуваме бројот на советници да го зголемиме според последните мерења на јавното мислење, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надева дека изборите во Маврово Ростуше ќе успеат бидејќи во тој период многу печалбари се враќаат.

Се надеваме дека ќе успееме да ги анимираме тие луѓе да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за Мевмед Џафери, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.