Случајот Русковска негативно влијае во натамошната борба против криминалот и корупцијата. Ја намалува довербата во правосудниот систем и остава лоша порака, анализира универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Ситуацијата е покритична отколку што изгледа, вели професорот, бидејќи сега нема кој да го гони високиот криминал.
Јас би рекол дека ситуацијата е посериозна затоа што во прашање е фунционирањето на системот. Практично, ударната тупаница против организираниот криминал и корупција, поточно ова обвинителство, сега станува дисфункционално со суспензијата на пола обвинители токму во моментот кога зафаќаат сензитивен случај, вели Калајџиев за „Сител“.
Во систем како нашиот кој се покажа како нестабилен, смета Калајџиев, поддршката од меѓународниот фактор во спроведувањето на правдата е неопходна. Ќе има ли сили Обвинителството за организиран криминал и корупција брзо да се врати во функција и како ќе влијае суспензијата на Русковска за нејзиниот наследник?
Јас ќе цитирам еден обвинител кој има речено – „јас сум последната будала која ќе се нафати на оваа функција“. Обвинителската позиција е тешка, и самиот кога едно време се мислев за ваква функција, прво што човек размислува е дали навистина може да се потпре на институциите. Ова е сериозна борба, голем ризик, тоа се сериозни противници кои немаат многу обзири. Дека некој ќе се нафати секако да користи привилегии, ќе се нафати, но тоа не е доволно, треба да се нафати некој кој ќе ја заврши работата, смета тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.