Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк вели дека бројот на помилувања во земјава е мал, а краток е и рокот на ослободување од издржување казна затвор.

Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги, а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха, вели тој.

Калајџиев вели дека условите во македонските затвори се катастрофални, а дека казнената политика е многу поостра споредено со земјите на ЕУ. Тој додава дека во затворите со години луѓе лежат за сообраќајки или за симболично количество дрога што го поседувале.

За вакви прекршоци во ЕУ, според него, казните се помали. Притоа додава дека Идризово е најлош затвор во Европа.

Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно. Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман, вели Калајџиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.