Зошто „научното толкување на историските настани“ би им било доверено само на еден тесен круг претставници на научната заедница делегирани од двете влади, а не би се одвивало во рамките на широката научна заедница, домашна и меѓународна?
Ова е едно од прашањата што ги поставува академик Катица Ќулавкова во колумна во „Нова Македонија“. Ќулавкова пишува: Зошто толкувањето на историските настани треба да биде ставено во строги временски рамки и под притисок на рокови кои се ирелевантни за науката?
Зошто се поврзуваат историските и образовните прашања, односно науката со образовната политика? Зошто науката треба да им реферира на годишно ниво на владите како да се тие некои повисоки научни инстанци?
Дали се работи за некоја нелегитимна?
Дали членот 8 (од Договорот за добрососедство) создал услови за контрола на научната мисла и однапред ја одредил вистината за ‘заедничката’ македонско-бугарска историја како ‘бугарска’? Геополитичките стратегии, имено, ги предвидуваат потезите однапред, затоа и се темелат врз ‘визијата’, или крајната цел која треба да се постигне на одреден начин, во одредено време, со помош на одредени инстанци, лица и алатки?
Ваквиот договор, со еден израз, ја одредува стратешката цел – ревидирање на ‘заедничката историја’ како автентично и целосно бугарска. Тој израз е рефлексија на новиот пристап кон историјата, кој ќе го одреди и пристапот кон иднината.
Тој нов пристап е политички и геостратешки, тој ја одредува новата епистема или научна парадигма, следствено и ја воведува сѐ до степен на официјално инсталирање – новата слика за историјата, новиот историски наратив на македонската историја како бугарска“.
Целата колумна на академик Ќулавкова на линкот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.