Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска имаше работна посета за увид во тековната етапа за обука на дел од вработените од ЦУК, како и од други институци од Системот за управување со кризи, коишто ќе работат како приматели на итни повици на E112 и што ќе бидат вклучени во тој процес на работа, соопшти ЦУК.

Од Центарот додадоа дека обуката за работа на Единствениот европски број за итни повици 112 ја спроведува италијанската фирма „БЕТА 80“ во соработка со домашната компанија „ИЦС Консалтинг“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.