ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи и премиерот на државата поради смртта на хрватскиот ракометар Тот. Според нив со објавувањето на видеото на кое се гледа дека Тот е претепан пред многу сведоци, од опозицијата велат дека излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има.
-Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе. Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство. Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем. Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство? Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството. Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.