Според информациите од Јавни набавки во Македонија има само една градежна фирма којашто се интересира за расчистување на одрони по патиштата. За одронот на автопатот Миладиновци – Штип работата ја добива единствен понудувач, компанија блиска на СДСМ, битолски „Стентон“.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес-конференција објави документ за уште една јавна набавка, неполни два месеци по јавната набавка за автопатот Миладиновци – Штип, „Санација на одрон на делница Хамзали – Берово“, и повторно има само еден понудувач, и повторно тој еден понудувач ја зема работата и повторно тоа е битолски „Стентон“!
Очигледно е дека единствен критериум за избор на тендер на општини, јавни претпријатија и компании предводени од СДСМ/ДУИ највозможно е да има само ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ! Станува збор за зафат вреден над еден милион евра!
Единствен понудувач на тендер, јавен повик, за градежни компании, за расчистување на одроните со вкупна вредност од 1,8 милиони евра, тендер распишан од Државни патишта!
Во време на економска криза, градежни компании не се пријавуваат на два тендери во неполни два месеци, тендери во вкупна вредност од над 1,8 милиони евра, па на тендер на ЈП Државни патишта, на тендери во делот на транспорт и врски под министерот Благој Бочварски, се јавува само еден понудувач.
А, тој понудувач е компанијата од Битола, којашто важи за блиска до СДСМ, и којашто се доведуваше во тесна врска со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола на последните локални избори!
Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач? Како е возможно на тендер кој што вреди над еден милион евра за расчистување на делница кај Берово да има само еден единствен понудувач? И тоа кој што понудил според проценетата вредност за набавката со ДДВ изнесува 64 милиони и 900 илјади денари, а понудувачот понудил 64 милиони и 800 и безмалку 42 илјади денари.
Како е возможно на тендери за патишта, за градба, за набавки, за санирање, тендери распишани од СДСМ/ДУИ, за работата да бидат заинтересирани само по една фирма, неретко поврзана со партиите на власта?
Во Македонија ништо не се гради, ниту се санира, нема нови патишта, ама затоа има нови патарини и нови тендери со само еден понудувач! Ова мора да има крај, порача Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.