Бугарскит историчар Наум Кајчев смета дека Македонија мора да го вклучи бугарското малцинство во нејзиниот устав во разумен рок.
Кајчев објасни дека односите меѓу двете земји мора да одат во хармонија и пакет.
-Како економијата, културата, инфраструктурата, така и заедничкото разбирање на историјата треба да бидат во хармонија, се надева историчарот.
Тој за „БТВ“ исто така појаснува дека не треба да се замрзне работата на Мешовитата историска комисија.
Според него, на почетокот на работата на Комисијата во 2018 и 2019 година имало одредени резултати, но бугарските одлуки се уште не се објавени.
-Во Скопје не се согласуваат тие да бидат јавен факт и да се објават. Две и пол години се стагнира и главно тоа се должи на неспособноста на македонските историчари да се придржуваат до духот и текстот на Договорот за добрососедство, обвинува Кајчев.
Историчарот вели дека самиот Гоце Делчев јасно има оставено докази за своите верувања и треба да се придржуваме до нив.
-За разлика од Цар Самоил, во однос на Гоце Делчев, македонските историчари не се согласуваат со духот и верувањата на самиот Гоце Делчев, додаде Кајчев, кој е член на Мешовитата историска комисија меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.