Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово.

Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.