Дарко Каевски не ја разбира сиромаштијата во која живее народот, затоа што е милионер, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека пратеникот од СДСМ на триесетина година има 4 милиони на сметка и стан од 62 м2.
Во исто време додека Каевски е функционер, фирмата на неговиот татко Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. А додека функционерите на СДС се богатат над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден и не можат да платат сметки. Со СДС народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни. Не разбирливо е што сака СДС да постигне со лагите кои секој ден ги повторуваат, кога секој еден граѓанин кога ќе ја погледне сметката гледа дека плаќа 30% поскапа струја. Ниту 1000 пати да кажат дека струјата не поскапела, нема да ја сменат реалноста дека поскапела и дека народот едвај плаќа сметки. ЕЛЕМ едвај ги покрива потребите на регулираниот пазар, а потребни беа како што и самиот Ковачевски призна 200 милиони евра од државата за нормално функционирање на претпријатието. Во однос на гасот, СДС подобро да молчи зошто 4 месеци плаќаа цени поголеми од берзанските, во услови кога можеа да платат цени и двојно помали од берзанските. Колку се способни за енергетика гледаме и од хавариите во РЕК Битола и битуменизираните котли заради несоодветниот јаглен кој го увезуваат фирми блиски до власта. За разлика од нив, кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски управуваа со енергетскиот сектор цената на струјата се намали, што се бројки кои сите може да ги видат, а производството на струја од домашни капацитети беше значително поголемо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.