Резолуцијата за Илинденското востание, која ја најави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, се уште ја нема во Собранието. Иако од СДСМ најавија дека ќе ја испрателе до вторник, во законодавниот дом не е пристигната ниту во среда, а не се ни знае кога ќе дојде пред пратениците.
Портпаролот ја најави резолуцијата како одговор на веста дека партијата на поранешнјиот бугарски премиер Кирил Петков најавил документ за прогласување на Илинденското востание за бугарско, што потоа беше протолкувано како „лажна вест“.
-Не знам кога ќе биде испратена. Ќе свикам прес конференција, ќе ве информирам кога ќе ја испратимe, изјави Каевски за ТВ Алфа.
Инакуи воопшто не се ни знае што оваа резолуција ќе содржи, а и која е потребата од нејзиното носење, ако се знае дека власт со прифаќањето на Францускиот предлог, веќе ја погази резолуцијата за преговорите со Бугарија изгласана од Собранието во 2021-ва година.
„Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник“, најави претходно Каевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.