Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, прими честитка од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за изборната победа и новиот претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград.
Дозволете ми, во име на граѓаните на Македонија и во мое лично име, да упатам срдечни честитки по повод реизборот за претседател на Република Србија, со желби за понатамошен успех во извршувањето на оваа многу одговорна должност. Во време на сериозни предизвици и потреба од зајакнување на стабилноста, просперитетот и европската иднина на регионот, искрено сум убеден дека ќе продолжиме да градиме мостови на пријателство и соработка и да ги продлабочуваме односите меѓу нашите земји во сите области од заеднички интерес, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.
Пендаровски во честитката изразува задоволство од досегашниот конструктивен дијалог и досегашната соработка и истакнува дека се радува што во годините што доаѓаат ќе имаат можност да соработуваат водени, како што вели, од интересите на нашите пријателски народи.
Со тоа убедување и искрени желби за успех во вашата понатамошна работа, среќа во личниот живот и добро здравје, примете ги изразите на мојата најдлабока почит, стои во честитката од претседателот Пендаровски до Вучиќ.
Република упати прашања до Кабинетот на претседателот уште во понеделникот на 6 април, ден по убедливата победа на српскиот претседател на изборите, дали претседателот Пендаровски му честитал на српскиот колега, и оттаму кусо ни одговорија дека Пендаровски му упатил честитка на Вучиќ.
Сепак, ова „тајно писмо“ не беше објавено официјално ниту на страницата на Пендаровски, ниту на страницата на Вучиќ, па се посомневавме.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ не го спомена претседателот на нашата земја Стево Пендаровски дека му ја честитал победата на изборите во неделата.
Тој рече дека му честитале скоро сите од регионот, Еди Рама, Миодраг Додик, Ѓукановиќ.. но не го наброи Стево Пендаровски.Но, затоа пак рече дека од Македонија се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.