Одделението за јавни набавки во ЈП Национална радиодифузија – Скопје информираше дека при објава на Квартална евиденција за набавки под праговите и посебни услуги за период 01.10.2021 до 31.12.2021 година, во ставката новогодишни пакетчиња има направено ненамерна грешка во вредноста на склучениот договори со ДДВ.

За таа цел е направена корекција во Квартална евиденција за набавки под праговите и посебни услуги за период 01.10.2021 до 31.12.2021 година, во која е внесена вредноста на реално потрошени средства во изност од 80.900,00 ден, велат од ЈП Национална радиодифузија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.