Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата.

Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, вели Димитров во вечерашното интервју за „360“ степени.

Во однос на изјавата дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров рече дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките и на внатрешната координација, но и преку информации што ги добивал од министри и амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

Од таму ми се елементите и оценката. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа, посочува Димитров.

На прес-конференцијата пред два дена Димитров рече дека неговите ставови во преговорите со Бугарија во многу наврати биле спротивни од неговите колеги во Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.