Републичкото јавно обвинителство врши контроли во струшкото и во битолското обвинителство за предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Стејт департментот минатата недела ги стави Мерко, неговата сопруга и полнолетните деца на црната листа на САД поради вмешаност во значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството, по што со контроли се раздвижија Судскиот совет во Судот во Струга и Републичкото обвинителство.

Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на постапувањето, Комисијата ќе изготви извештај“, велат од јавното обвинителство.

Од Обвинителството минатата недела информираа дека против Мерко се активни шест предмети од кои најголемиот дел се за злоупотреба на службената положба и овластувања. Мерко го тужат здруженија на граѓани, адвокати, Управата за финансиска полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.