Како човек кој е роден во Прилеп, градот од каде започнала борбата против фашистичкиoт окупатор, јас нема да дозволам договори кои ќе бидат на штета на Република Македонија.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека ја поздравувам и поддржувам одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум кој го гледам како спас и гаранција на македонските национални интереси и ќе го ставам својот потпис за истиот.

Ова е шанса за македонскиот народ да го крене својот глас и да застане на патот на оваа ненародна власт кој води до целосно распродавање на македонската држава.

Ви се обраќам и ве повикувам вам, мои драги сограѓани, да дадеме поддршка за распишување на овој задолжителен референдум, да не дозволиме историјата да се повтори и да го зачуваме суверенитетот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.