За да се обнови водоводната мрежа во Штип може да се направи со средства од три ипол милиони евра. И од овие практично три проекти од самопридонесот, од ТАВ и од министерство за животна средина се сосема доволни да Штип во наредните три – четири години ја промени водоводната мрежа и во најголем дел го реши проблемот со водоснабдувањето, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип во гостување во емисија „Трилинг“.
Јорданов додаде дека за жал „Исар“ не е изолиран од енергетската и финансиска криза. И токму оваа криза ги усложнува работите околу промената на водоводна мрежа.
„Доколку ги имаме ние тие средства кои што не би ги префрлале на министерство за финансии за враќање на стар долг и доколку не се зголемени трошоците по основ на нафта, на енергенси, на електрична енергија истите тие средства во висина од 5-6 милиони денари на месечно ниво би ги инвестирале во промена на водоводната мрежа“, појасни градоначалникот на општина Штип.
Тој посочи дека за да се реши конечно проблемот со водата во Штип е менување на застарената водоводна мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.