„ЈК Травел“ реагира дека воопшто немаат вина со недоразбирањето што се случи во хотелот „Олеа Гарде“ во Грција.
Оттаму велат дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено.
Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор.
Како доказ за недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со „ЈК Травел“ тие го нудат и извинувањето, кое го добиле од хотелот, во кое се негира било какво бркање на гости од собите.
„Почитуван партнер ЈК Травел! Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време. Искрено се надеваме на добра идна соработка.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.