На десет семејства од Македонија  со деца  денеска им го прекинале одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage  во Грција бидејќи агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките.

Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски за „Република“ раскажува низ што поминале денеска.

Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.

На прашањето каде ќе ја поминат ноќта велат -надвор пред хотелот.

Се обидовме да ја контактираме и агенцијата ЈК Травел но на  бројот кој ни го дадоа оштетените никој не се јавува.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.