Министерот за образование Јетон Шаќири во една реченица ја опиша целата мизерија на власта кога призна дека власта нема пари за учебници по сите предмети во средно образование. За Весна Јаневска оваа изјава е срамна од повеќе аспекти.
МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е за 8,4% поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при неговата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати. Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука прашуваме на што се трошат 450 милиони евра пари кои МОН ги има во буџетот, ако нема пари за учебници, рече Јаневска на денешната прес-конференција.
Таа потсети дека оваа влада немаше пари ниту за свидетелства, ниту за учебници во основно печатени за еднократна употреба.
Добро образование и добро структуриран образовен систем ги одредува аспирациите и потребите на државата, како и неjзината иднина, односно судбина. Веќе е сосема познато дека нашето образование е во постојан пад и веќе е на работ на комплетен колапс. Од последната анкета спроведена од Институтот за политички истражувања, а во врска со образованието во Македонија се гледа дека населението е незадоволно од повеќе елементи во образование од кои најмногу од наставните програми, и учебници. Книгите, односно учебниците, почитувани, за образованието, се од суштинско значење и тие се основа за сите други видови учења. Без нив оние што учат би немале ниту појдовна точка, ниту начин за проценка на својот напредок. Непотребно е уште да набројувам, разочарувачки е, депресивно и срамно е. Македонија по прв пат од нејзиното постоење има пари за се’ и сешто, а нема пари за книги. Се прашувам дали се во право оние кои тврдат дека ова не е случајно, рече .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.