Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.
Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство.
Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава.
Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.