Народот додека едвај врзува крај со крај, функционерите на власта кријат луксузни имоти. Додека поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка, додека две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, Славјанка Петровска крие луксузен имот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, министерката Петровска во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани. Имотот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани и се наоѓа на улица „Радишанска“. Жителите од тој дел на улица „Радишанска“ според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ „Ацо Шопов“. Тоа е избирачкото место каде гласа и министерката Петровска. Адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта, се нaведува во партиското соопштение.
Велат дена покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ исто така ја повикува Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО, истакнуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.