Алијанса за Албанците демантира дека претседателот на партијата Арбен Таравари, по средбата во Владата со премиероот Димитар Ковачевски, заедно со него заминал кај лидерот на ДУИ Али Ахмети.

По средбата со премиерот Ковачевски, Таравари веднаш отпатува во Полог на средби во Гостивар, Тетово и Теарце до доцна во ноќта и, следствено на тоа, не можел истовремено да биде во Зајас. Алијанса за Албанците била и секогаш ќе биде непоколеблив поддржувач на слободните медиуми. Сепак, во овие проблематични времиња за државата, ги повикуваме сите медиуми во земјава на максимална одговорност и постапување по принципите на новинарската етика за верификација на изворите и информациите“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.