Стефан Богоев беше исто така споменат во поткастот на Лазаров каде гостуваше Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
Со сите сум имал некаква близина и релација. Ќе издвојам еден момент. Стефан Богоев ни сам не знаеше дека ќе биде градоначалник на општина карпош. Вилма го викнала Богоев на распит за случајот кога ме притворија. Тој лаже во својот исказ и вика дека сме се запознале преку неговата сега жена, тогаш девојка, чинам Ивана се вика. А јас со него сум се запознал по друга линија. Сум му се јавил после некој пратенички говор, да му кажам дека е добар, а сме се виделе во некое од кафулињата во парк. И така сме продолжиле да комуницираме. Неговата жена после две години сум ја запознал. Колкаво е тоа лицемерие, на кое ниво е тоа… Тој лаже пред орган, каква и да е таа Рускоска. Орган била Русковска во тој момент, а Богоев ја лаже. Но, на Русковска и одговара да лаже Богоев. Таа не се трудела да ги испита тие искази од тие лажни сведоци, дали е така или не е така. Неа и е битно дека има случај и како мечка може да излегува од телевизија на телевизија и да збори различни приказни, рече Јовановски.
Стефан Богоевски не знаеше дека ќе биде градоначалник, тврди Јовановски
Вистината е дека јас му ја направив кампањата на Стефан Богоев, дека јас учествував во креативниот дел, учествував во финансискиот дел од печатење на билборди, до плаќање на билборди и закупување на штабови и се останато. Стефан Богоев беше изгубен случај во поглед на тоа дека ќе биде градоначалник. Јас преку моите контакти излобирав Стефан Богоев да стане градоначалник на општина Карпош. Шахта немаше помрднато во Карпош. И на сето тоа тој е првиот човек кој ми забил нож во грб. Ми го накалеми Меѓународен Сојуз да го имам како кривичнен предмет а тој е истиот човек кој го праќаше неговиот вработен Владо од Карпош да ми дава локации за да ги нудам на дрим билдинг од Стуга, луѓео кои ја платија платформата, за после јас да одговарам а тие ги имаат земено сите пари. Јас да бидам кабаетот. Ова што го зборувам се факти за кои имам докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.