Венко Филипче е заложник на фармацевстката мафија, дали таму се крие одговорот за огромниот имот? Милиони евра од Клиниката за Хематолигија каде директоруваше Ирина Пановска кон веледрогеријата Др. Пановски на татко и. Во десетина милиони евра се бројат и тендерите кои Др. Пановски ги добивале и на Клиниката за Хематологија, изјави на денешната шрес конференција Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Милиони евра од здравството со кое управуваше Филипче завршуваа и кај Елбијор, фирма на Стојмир Петров, татко на сопругата на Христијан Костов, директор на Градската болница 8 септември која набавуваше вакцини, потенцира тој.

-На сите овие тендери вредни милиони имаше неуспешни набавки кои Филипче се додека не се откри криминалот кој сака да го направи ги туркаше по секоја цена. А тоа се тендерите за Ковид вакцини и набавката преку фирмата Стабри од Хонг Конг. Таму се откри дека некој имал договорено да земе 100% провизија на сметка на државните пари и 35 милионскиот тендер за реагенси, додаде во изјавата Јаревски.

Пратеникот Тони Јаревски постави пражања: Дали зад овие и уште мноштво други тендери, се крие одговорот за хациендата на Филипче на Водно и луксузното Ауди Q8? Дали и колкав имот крие Филипче на туѓо име?

Одговорност ќе има, нотира во изјавата Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.