Премиерот конечно одвои време да слушне што се кажува, да види каква грешка прави и какви последици не чекаат. Премиер, „Македонија има своја политика и интереси. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи за интересите на Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“. Ова е еден од многуте цитати со кои сакавме да допреме до свеста и совеста на пратениците од мнозинството и претставниците на влада. Ова е еден од цитатите на великанот Гоце Делчев, изјави Тони Јарески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Многу великани дале свои живот, многу цитати беа кажано, но се чини не допираат до вас. Затоа луѓето кои ќе кренат рака за овој обид за велепредавство можат да бидат добри Бугари. Бидејќи со таков однос работат само за интересите на Бугарија, не Македонија, рече Јарески.
Јарески потенцираше дека со овој чекор се прави грешка од која нема назад, вакви грешки прават штета не само на нашата генерација, туку и на идните генерации, непоправлива штета и на сите изминати генерации.
Овој обид за национална катастрофа кој го приредува СДСМ има причина, тендери и уште некој месец власт. Никогаш нема да влеземе во ЕУ доколку ова помине овде. Дали знаете дека ова крај, нема, ужас без крај. Дали знаете каква катастрофа следи, што не чека доколку се продолжи по овој пат. Нема разлика помеѓу оној првиот предлог за кој рековте не и сега овој за кој велите да. Не сметаат дека сме нација на Коминтерната, неосознаени Бугари и вие сега на тастер ќе им даде тоа да се напише о книгите и ќе им барате докази., рече Јарески.
Јарески потсети дека 73%од народот е против овој потценувачки и срамен договор.
Имате надвор народ на улиците, деноноќно, експерти, членови на сите партии, активисти, загрижени граѓани за нивната иднина. Сите во еден глас кажуваат освестете се и не го прифаќајте ова. Почеток за преговори нема бидејќи барањата за преговорите немаат крај, и бараат да се отвори Уставот, но тоа нема да се случи. Овој договор е ништовен, ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги штити интересите на Македонија и Македонците. Сите вие што ќе кренете рака за ова предавство ќе завршите на буништето на историјата. Затоа оваа течност нека ве потсеќа на крвата што ја газите, на жртвите од фашизмот, на децата од Ваташа и на крвта на хероите кои загинаа од Македонија а што вбие ја поганите со вашите дела, потенцираше Јарески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.