Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.
Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија.
На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија, објави на ФБ Игор Јанушев, пратеник во Собранието .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.