Јас не можам да одберам со кого кога ќе се сретнам затоа што можам да се сретнам со било кого само тогаш кога сум на домашно отсуство. Моето домашно отсуство започна точно тој ден кога излезе фотографијата и таа средба тогаш се случи“, истакна Гордана Ганкуловска во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ говорејќи за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јанкуловска додаде дека немала долг период средба со Мицкоски.

Да бидам искрена јас без оглед што сум оддалечена од дневно политичките настани и се она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што таа средба освен како средба на стари пријатели ина луѓе што се познаваат беше идобра можност да се информирам за некои работи кои што до крај не ми беа јасни“, рече таа.

Јанкуловска посочи дека со задоволство ја имала таа средба.

И средбите и разговорите па и ставовите немам ниакков проблем да ги кажам јавно, јас стојам зад тоа што гокажувам. Немам проблем нити да се видам со некого што гопочитувам, нити да се видам со некого кој што сака да се види со мене, појасни Јанкуловска.

„Партијата односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка“, укажа Јанкуловска.

Таа нагласи дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како легитимно избрано ја има мојата поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.