Гордана Јанкулоска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за екс министерката за внатрешни работи.
Таа на Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците – мажи.
На Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик – маж. Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да бидеј ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија. Јанкулоска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката на „Фејсбук“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.