Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде што, како што нагласува, влезницата се наплаќа буквално под круша, на парагон, без да се издава фискална сметка.
Јаневски смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.
Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон-блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА.
Според него, на ваков начин не треба да се тертираат нашите атракции.
Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.