Почна изградбата на подрачното основно училиште во село Бањица во општина Чашка, каде настава ќе следат ученици од прво до петто одделение. Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект.

За прогресот на инвестицијата на МОН во вредност од 6,6 милиони денари, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа кога учениците од ова населено место ќе почнат да следат настава на својот мајчин јазик.

За жал, проблемот во Чашка е политички инициран. Таму децата до лани учеа заедно на еден, македонски јазик, а родителите на учениците имаа потпишано и согласности за тоа. Но, високи функционери на ДУИ одлучија дека нешто не е во ред и едните ги поттикнаа на штрајк, а кај другите создадоа револт со притисокот да се воведе настава на албански јазик. Сето тоа е на штета на учениците, но еве, работиме и ќе го надминеме овој вештачки инициран проблем“, рече министерката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.