Професорката Весна Јаневска обелоденува дека Владата со последните одлуки за фискална одржливост удира по грбот на учениците и студентите во време на најголемата економска криза. Во нејзиниот статус на Фејсбук,таа пишува:
На 88-мата седница Владата во планот за фискална одржливост одлучи:
1. Да ги рационализира расходите за стипендии со утврдување на построги критериуми. Со тоа Владата удри по грбот на семејствата на учениците и студентите во време на најголемата економска криза во Македонија.
2. Редефинирање на утврдениот систем за остварување на правото за студентски оброк. Со оваа мерка Владата покажува и докажува дека одредени мерки кои ги превзема се само во служба на пропаганда за нејзиното “добро работење“ и тоа исклучиво пред избори.
3. Намалување на расходите на училиштата и студентските домови. Намалувањето на овие расходи ќе доведе до дораспаѓање на одредени полураспаднати објекти и ќе влијае на севкупното образование, затоа што училиштата освен енергетски и инфраструктурни расходи имаат и расходи во врска со наставата.
Дополнително се задолжува МОН да направи анализа за разгледување на можноста за јавно-приватно партнерство за менаџирање на студентските домови.
Дококолку Владата на СДСМ + ДУИ знаеше да менаџира, да сакаше да го сузбие криминалит во своите редови, да се занимаваше помалку со тендери, а повеќе со потребите на учениците и студентите, немаше, во момент на претечка тешка сиромаштија, да предлага вакви мерки на штета на населението.
Нема пари, или уште малку треба да се докраде?
Зар не ви е срам уште да седите на позициите? Распишете предвремени избори, ќе се спасите и себе и народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.