Елизабета Наумовска, директорката на ДИЦ, пак со соопштение. Македонија за прв пат ќе учествувала во ТАЛИС, меѓународно истражување на ОЕЦД за настава и учење. Ќе се испитува како работат наставниците и директорите на училиштата. Со ова истражување ќе се видело колку наставниците се подготвени, колку довбиваат подршка од институциите, како работат со ученици, како оценуваат, напиша проф. д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Добро што Македонија е вклучена во меѓународното истражување, no, во врска со наставниците што правевте до сега? Ги оставивте сами на себе во пандемија, под силни притисоци на партиски директори, кои патем и ги тепаат, ги оставивте неспремни и необучени за онлајн работа, а ги обучувавте како момче да облечат во принцеза без да ги научите како да се справат со евентуални можни проблеми. Зошто до сега не направивте вакво истражување и врз основа на тоа не градевте планови и концепции?

Како соработуваат со институциите и каква подршка имаат? Ќе кажете вие по спроведеното истражување, а јас ќе ви кажам само еден – два примери. Е – дневник не функционира, во него не се внесени новопримените наставници и наставниците понекогаш чекаат полноќ за да се приклучат на е – дневник. БРО го претворивте во помошна служба на разни НВО и “претпријатија“ за обука, а советување, односно обука за одредени посебни предмети немало со години.

Состојбата во образованиео е повеќе од лоша, па затоа не треба пропаганда треба РАБОТА! Имате одговорност пред сите нас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.