Не сме подготвени за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците, по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Тема на денот на Сител.

Според неа, „пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така“.

Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, сè е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната, вели Јаневска.

Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, „да не речам во паника“.

Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта, вели Јаневска.

Вели за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците.

Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење.

Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.

Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари, вели Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.