„Не можеме да очекуваме образованието да биде многу поразлично од сите други ресори и настаните кои што се случуваат во целото општество, па така и образованието. Не можеме да очекуваме дека ќе биде оаза на убавина во едно општество во кое де факто гледаме многу црнила“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Јаневска потсети на тоа дека одреден број на ученици се уште немаат учебници. Но, и не се надополнети старите учебници како што е географија, учебници за странски јазици нема. Се сведува на огромен број на часови да се диктирање од страна на наставниците за одреден материјал бидејќи учебници нема.

Не можеме да очекуваме некакви успеси во образованието ниту оваа година, нагласи таа.

„Ние како партија за ова што се случува во образованието го предвидовме и укажувавме. Се ова што се случува во образованието е само на штета на учениците, на нивните родители, па и на наставниците“, рече Јаневска.

Таа посочи дека концепцијата де факто е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност.

Од власта направија интеграција на предмети, меѓутоа и самите увидоа дека такво нешто не е можно, не само затоа што немаме кадар кој ќе предава интегрирани предмети, туку затоа што и бројот на наставници, паралелки, училишта, подрачни училишта, итн. не дозволуваат вакво нешто да се спроведе. И за да не признаат дека не е можно такво нешто наместо предмети во интегрираните предмети направија по три модули. Па, така во предметот историја и општество имаме модул историја, модул географија и модул граѓанско образование. Што значи де факто имаме три предмети“, појасни таа.

Таа укажа дека оваа година за првпат концепцијата започнува во шесто одделение и е катастрофална.

Наставниците и родителите се сосема свесни каква катастрофа е тоа, рече Јаневска.

Јаневска истакна дека власта не се осмели да го признае неуспехот бидејќи не сакаат да признаат дека направиле голема грешка.

Концепцијата мора да претрпи длабока ревизија, укажа таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.