Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ја повика директорката на Државниот испитен центар Благица Павловска да преземе активност како што презела одговорност кога се нафатила да раководи со институцијата и да им овозможи на кандидатите кои треба да полагаат во пролетната сесија да го остварат своето право.

Како директор на Државниот испитен центар знаете дека 111 кандидати кои посетувале обука за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење веќе една година не можат да си го остварат правото и да го завршат испитот. Со оглед на тоа дека времето минува, Ве информирам дека по закон тие испитот целосно треба да го завршат во рок од 6 месеци (член 16), инаку ќе мора да преполагаат.

Ве информирам и дека и покрај Вашата објава на ФБ дека им се признаени првиот и вториот дел од испитот, кандидатите не се официјално информирани за оваа одлука на нивните адреси.

Ве информирам и дека Ваша должност е да формирате Испитна комисија според членот 12 од законот и да овозмможите кандидатите да пристапат на полагање на третиот дел од испитот. Очекуваме оваа обврска да ја звршите во најбрз можен рок.

Што се однесува до кандидатите кои требаше да полагаат приправнички испит во есенска сесија 2022 година, овој испит ќе го полагаат сега во 2023 година, во сесија која ќе се води како есенска сесија 2022 година. Во ред, но Ве прашувам што се случува со пролетната сесија 2023 година? Да не се случи оваа сесија од непознати причини да се прескокне, па кандидатите да треба да полагаат пролетна сесија 2023 во септември. Тоа би било противзаконски, нема причина оваа сесија да се прескокне, како што тоа беше случај и со есенската сесија 2022 год, но бидејќи Вие тогаш не бевте директор за овој пропуст законски ќе бараме одговорност од бившата директорка.

Ја информирам јавноста дека сите активности на ДИЦ се составен дел на образовнниот систем и се нопходни за непречено делување на истиот. Нефункционирањето на една од алките води до кинење на синџирот. Со оглед на тоа дека нашиот образовен систем се држи на искинати конци Дитекторке преземете активност, затоа што одговорност сте презеле во моментот кога сте ја прифатиле функцијата, пишува во објавата на Весна Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.