Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците.

Да се спомене уште една од лагите на министерството и Владата – ветија порамнување на износите на стипендиите на старите и новите корисници, но од тоа нема ништо.

Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ.

И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите.

Тренерите во Спортските академии исто така не држат настава. Не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени плати за неколку месеци.

Дали вака државата се грижи за младите? И дали вака државата треба да се грижи за младите? Дали ова е план можеби за принудно иселување од државата на младите? Кој го крои тој план? Ако ги погледнеме податоците колку ученици ја напуштиле земјава во последните неколку месеци, станува јасно дека во иднина никој тука нема да остане и никој во оваа држава не гледа иднина.

Жално. Време е оваа расипничка власт да си оди. Време е за предвремени избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.