Господ е еден, единствен и се’вишен.

Тој е создател на се’, на небото и земјата.

Тое е се’присутен, насекаде околу нас, се’ слуша, се’ знае.

Се’ што било, се’ што е и се’ што ќе биде е воља Негова.

Ако се’ е воља Негова тогаш и одлуката на децата заеднички да го фатат крстот и зборовите излезени од нивната уста се воља Негова. Ако се’ е воља негова, тогаш и зборовите излезени од устата на Господин Агатангел се воља Негова.

Зоран Иванов рече подземни пагани инструирале 10 заблудени да го избербатат светиот ден, а Гоган Милевски рече дека како што мувите и црвите се штетни за грозјето, така Агатангел е штетен за Црквата.

Сега неуките ќе речат дека и зборовите на двајцава се Негова воља, ана НЕ, НЕ СЕ.

Нивните зборови се воља на Лучоносачот, паднатиот ангел, чија задача е да ги искушува луѓето за Тој да знае дали се достојни за Негов благослов.

Како знам дека е така и како сум сигурна дека е така? Просто. Првите, децата и Господин Агатангел збодуваат ДОБРО и за ДОБРО, а вториве двајца зборуваат ЛОШО.

Прости им Господе… Блажени нишчи духом…

АГАТАНГЕЛ ДОСТОЕН!, напиша професорката Весна Јаневска на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.