По 6 години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат излезе на слобода минатиот викенд.

Денеска на неговата Фејсбук страна сподели емотивно видео од средбата со неговиот син, другари и браќа.

После 6 години на слободен викенд.
Ме пречекаа моите другари и браќа.
Синот ме виде после долги години….
Емоции многу, желба една….
КОНЕЧНА СЛОБОДА И ЗА НАС И ЗА МАКЕДОНИЈА!

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега претседателка на Уставниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.