Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски кој не е поканет на ифтарската вечера со кандидатот за претседател Бујар Османи, вели дека тоа е нечесен гест на нечесен човек кој слуга.

А зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера? Има чесни и има нечесни луѓе, така што сме одвоени едни од други. Веројатно јас и противкандидатката Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. А што може да се очекува од Османи, освен да продолжи да слугува. Тој и неговите другари имаа шанса од оваа држава да направат убавина. Вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? Никој во државата, ниту Македонци, ниту Албанци немаат чувство дека правеле европска Македонија. Нели водеа војна, гинеа луѓе, бараа да седнат во институциите, се договоривме, влегоа. Очекувавме нивното учество во власта да ги направи институциите поефикасни, но не се случи тоа, рече Јакимовски во интервју за Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.