Малку текст и фотографија со бомба за секое училиште. Ваква е содржината на пораката која утринава ја добија четири скопски гимназии, дознава „Сител“.

Извините ни за тоа што ќе се случи денес. Ќе го направиме ова полесно за сите. Бомбите се поставени во една од училниците. Две од четири бомби се активираат на било каков покрет, другите две можете сами да ги запалите, гласи пораката која утринава околу 9:30 пристигнала на електронските пошти на училиштата.

Заканата е поткрепена и со слика од бомби и запалки.

(фото: принтскрин Сител)

Испраќач на пораката е hatedone, или (омразен), кој својата меил адреса ја регистрирал на платформата gmail.

Ваквата порака ја добиле гимназиите Јосип Броз Тито, Орце Николов, Раде Јовчевски – Корчагин и Никола Карев кои веднаш ги евакуирале учениците, па ја алармирале и полицијата. Антитерористичките единици со кучиња трагачи неколку часови ги пребаруваа училишните згради, по што уште еднаш се утврдило дека заканите се лажни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.