„Според сознинјата, од страна на мајката имало продаден стан и средствата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече обвинителот Гаврил Бубевски на прес-конференција поврзана со случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Мајката, според обвинителот, не добила никакви уцени, закани или барања. Таа во 8:35 го пријавила исчезнувањето, а таткото во 11 часот. Било пријавено дека не се појавила на училиште, иако од дома тргнала.
Мајката нема никаква активност од проблематична природа, рече Бубевски.
Бубевски кажа дека девојчето било грабнато во влезот на зградата.
„Таткото учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат да се изврши тоа кривично дело. Таткото имал одредена комуникација со лицето кое не е тука, и дека двајцата од тројцата осомничени кога го прашале тоа лице, кажало дека тие сознанија ги имал од таткото на девојчето“, вели Бубевски.
Таткото до моментот на прес-конференцијата ги негирал ваквите сведочења на приведените лица.
Убиството го изврпил Љупчо Палевски Палчо. По него се уште се трага. Се знае дека на 30 ноември ја напуштил државата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој даде повеќе детали како е грабната Вања, рече дека засега информациите се дека лицето кое е надвор од државата, е директен извршител и најави дека тој ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Во текот на истрагата ќе се прибираат одредени доказни материјали. Ќе биде издадена меѓународната потерница за лицето кое не е во државата и ќе известуваме за се што ќе добиеме, беше истакнато на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.